Многу луѓе ширум светот би дале сè за шанса да се дружат со Леонардо ди Каприо и Тимоти Шаламе, но Џенифер Лоренс смета дека работата со овие ѕвезди е „апсолутно мизерно“. Во 2021 година, овие тројца актери глумеа заедно со Џона Хил и Мерил Стрип во хитот на Нетфликс, Don’t Look Up, во режија на Адам Мекеј.
Филмот пристигна на Нетфликс во декември 2021 година, и бидејќи ограничувањата поврзани со Ковид-19 штотуку се намалуваа, тоа беше првпат некои ѕвезди да имаат контакт со други луѓе по долго време. Тоа беше рецепт за катастрофа, според Лоренс.
За време на гостувањето во „The Late Show with Stephen Colbert“, Лоренс се присети на моментот кога снимала сцена од филмот каде таа, Шаламет и Ди Каприо заедно се возат во автомобил. Таа го опиша како „најдосадниот ден во нејзиниот живот“.
„Ме полудеа тој ден. Не знам што им беше“, рекла таа на Колбер. Ѕвездата на „Hunger Games“ вели дека е фрустрирана затоа што за филмот и е платено 5 милиони долари помалку од Ди Каприо. Таа додаде: „Тимоти беше возбуден што излезе од дома. Двајцата се добри, но не знам. Само се сеќавам дека се чувствував навистина мизерно тој ден“.