Министерството за надворешни работи соопшти дека реагирало до Европскиот парламент за употребата на придавката „северномакедонски“ и дека грешката е веќе отстранета од веб страницата на ЕП.
– Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија континуирано укажува на точната употреба на уставното име на државата и државјанството на граѓаните на Северна Македонија. Како што сме реагирале соодветно до сите меѓународни медиуми, етнитети итн., кои погрешно употребиле било кој од наведените термини, така реагиравме и до Европскиот парламент за конкретниот случај, барајќи коректна употреба на овие термини, согласно Уставот и личната карта на земјата во Обединетите Нации. Дополнително, би сакале да потврдиме дека по нашата реакција грешката беше веднаш корегирана, посочуваат од МНР.
На официјалната интернет-страница на ЕП пишуваше дека „северномакедонската“ влада предводена од премиерот Талат Џафери продолжува да ги продлабочува односите со Европската Унија.
Во однос на Договорот од Преспа има прецизно упатство за тоа кои се правилни, а кои неправилни примери на известување. Во „неправилни примери“ се вклучени „Северно македонски”, „С. Македонски” и „СеверноМакедонски”, кои, како што пишува, не треба да се употребуваат. Правилното користење на придавката е „македонски“.