Русија ја уништи термоцентралата во Киев затоа што на Украина и снема одбранбени проектили, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој предупреди дека без дополнителна американска помош, Украина „нема шанси за победа“.
Зеленски изјави за „PBS NewsHour“ дека уништувањето на термоцентралата Трипилска на 11 април е резултат на тоа што Украина има „нула проектили“.
„Единаесет проектили беа насочени кон неа. Ги срушивме првите седум“, рече тој и додаде дека другите четири проектили го уништиле објектот.
„Зошто? Ни снема проектили“, рече тој.
„Денес соодносот на нашите и руските артилериски гранати е 1:10. Дали можеме да преживееме? Не. Во секој случај, со оваа статистика секојдневно ќе не туркаат назад“, додаде тој.
„Што ќе се случи во американскиот Конгрес? Можеби ќе донесат одлука“, продолжи Зеленски:
„И се надевам дека ќе не слушнат и дека во следните неколку денови или недели, но не и подолго, ќе донесат позитивна одлука.
Молбата на Зеленски доаѓа во време на значителни руски придобивки долж источна Украина.