Памела Андерсон му се придружи на Лијам Нисон во римејкот на позната комедија

од Vladimir Zorba
188 прегледи

Памела Андерсон му се придружува на Лијам Нисон во римејкот на крими комедијата „Гол пиштол“.

Серијалот „Гол пиштол“ се состои од три филма кои беа објавени кон крајот на осумдесеттите и почетокот на деведесеттите. Првиот филм беше режиран и сценарио на Џери Закер, Џим Абрахамс и Дејвид Цукер. Филмот е спин-оф на нивната телевизиска серија „Полициски одред“ која имаше само шест епизоди.

„Гол пиштол“ го следи збунетиот детектив Френк Дребин (Лесли Нилсен) кој на крајот од денот секогаш некако успева да им стави крај на криминалците.

Претстојниот римејк е во режија на Акива Шафер, кој го пишува и сценариото заедно со Ден Грегор и Даг Менд. Нисон ќе го игра Дребин во филмот, а Андерсон ќе го игра неговиот „љубовен интерес“.

Во оригиналните филмови, таа улога за Дребин ја играше Присила Присли.

Премиерата на римејкот на „Гол пиштол“ ќе биде на 18 јули 2025 година.

Слични содржини