🎥 Чави го замени во 34. минута – неговите солзи на крајот на мечот го обиколија светот

од Vladimir Zorba
179 прегледи

ПСЖ со пресврт во Барселона победи во полуфиналето во Лигата на шампионите. Францускиот шампион загуби со 2:3 од Барселона во првиот четврт-финален натпревар пред своите гледачи. Во реваншот губеше со 1:0, а потоа со пресврт победи со 4:1 и продолжи понатаму.

Проблемите за Барселона започнаа во 29. минута, кога директен црвен картон доби Роналд Араухо. Тренерот Чави потоа реши да го извади од игра напаѓачот Ламине Јамал за да го пушти дефанзивецот Иниго Мартинез. Јамал до 34. минута беше еден од најдобрите играчи на теренот и асистираше за водечкиот гол.

Шпанскиот репрезентативец беше разочаран од одлуката на Чави, а поразот посебно го погоди. Тој беше снимен како плаче на крајот од натпреварот.

@tntsports Lamine Yamal was devastated at full-time after Barcelona crashed out of the Champions League 💔 #barcelona #championsleague #ucl #yamal #football #soccer ♬ original sound – TNT Sports

Слични содржини