Тренерот на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ, ја изрази својата среќа откако го совлада Атлетико Мадрид со 4-2 во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите и се пласираше во полуфиналето на ова натпреварување за прв пат од 2013 година.
„Исклучително сум среќен и исклучително горд. Атмосферата денеска беше неверојатно добра“, изјави Терзиќ по натпреварот во Дортмунд за официјалната веб-страница на европската фудбалска централа – УЕФА.
„Имавме два моменти кои можеа да не изневерат, но бевме силни и на крајот заслуживме да продолжиме во следната фаза. Со гордост можам да кажам дека заслуживме да продолжиме против тим како Атлетико Мадрид. – додаде Терзиќ.
„Сега не чека Пари Сен Жермен. Првиот натпревар против нив не беше добар. Но, на вториот подобро се адаптиравме и бевме поблиску до победата. Мислам дека против Атлетико бевме подобри отколку против Пари Сен Жермен во групната фаза на турнирот“, изјави Един Терзиќ за противникот во полуфиналето – Пари Сен Жермен, против кого во групите од Лигата на шампионите играше и Борусија Дортмунд.