Шведска: Пријавете непрописно паркирање и заработете

од Vladimir Zorba
265 прегледи

Во Шведска решија да ги наградат граѓаните кои ќе пријават непрописно паркирање. Станува збор за апликација која жителите на шведскиот град Упсала можат да ја користат за регистрација на непрописно паркирање, по што ќе им се исплати „бакшиш“, пишува Euronews и шведските медиуми.

Креатор на апликацијата е компанијата Scout Park, а може да ја користат сите Швеѓани над 16 години кои имаат матичен број, пренесе „HAK“.

Користејќи ја апликацијата, граѓаните можат да им помогнат на паркиралиштата да најдат луѓе кои не ги почитуваат правилата за паркирање во заедницата – изјави првиот човек на компанијата Ерик Енглунд за германскиот магазин Der Spiegel.

Станува збор за паркинг места во градот со кои стопанисува приватен оператор. Според Der Spiegel, штом корисникот ќе открие непрописно паркирано возило во областа, тој или таа може да го сними со својот мобилен телефон и да го пријави преку апликацијата. После тоа добива порака дека комуналните стражари се на пат кон локацијата.

Ако акцијата резултира со тоа што сопственикот на автомобилот добие казна за паркирање, „свиркачот“ ќе добие бонус од 100 SEK, што е околу 9 евра.

Слични содржини