Претседателскиот кандидат на опозицијата, Арбен Таравари, изгледа почнал да се подбива со граѓаните, кога ветува нешто за што беа против неговите коалициски партнери.
Таравари деновиве изјави дека „опозициската коалиција веднаш и целосно ќе го забрани коцкањето во Македонија”.
Демократската унија за интеграција и Европски фронт го потсетува Таравари дека оние што го блокираа Законот за игрите на среќа во собраниските комисии, а потоа не гласаа во Собранието, се токму пратениците од опозицијата, кои заедно со нивните газди, ВМРО и Левица, ја бојкотираа собраниската седница.
Истовремено, бараме Таравари, доколку сака да го забрани коцкањето, да почне со казината и обложувалниците во општина Чаир, поточно на стадионот на Чаир, од каде што неговиот коалициски партнер добива огромни кирии.
ДУИ и Европскиот фронт ги уверуваат граѓаните дека на почетокот на следниот мандат ќе се изгласа Законот и ќе се дислоцираат коцкарниците од јавните објекти.