239
Членството во ЕУ би требало да биде натпартиско прашање, тоа е стратешка цел на државата, исто како што е и НАТО, порача вечерва во Топ Тема на Телевизија Телма, кандидатот за претседател Стево Пендаровски.
Пендаровски се осврна и на програмата на неговата противкандидатка Гордана Силјановска-Давкова каде се фали членството во НАТО.
„Гледајте сега, нивната кандидатка го фали членството во НАТО, а со години и таа и партијата што неа ја поддржува велеа дека Договорот од Преспа не чини и дека треба да има кривична одговорност за тие што го потпишале Преспанскиот договор.
И затоа велам, знам што е кампања, но немојте толку да лажете, затоа што после ќе треба да се соочите со политичката реалност” истакна Пендаровски.