Поради зелената агенда, во Германија можна забрана за возење за време на викендот

од Vladimir Zorba
174 прегледи

Германскиот министер за транспорт Фолкер Визинг најави дека целта поврзана со зелената агенда потенцијално може да се исполни преку рестриктивни мерки кои тешко се соопштуваат на јавноста, вклучително и забрана за возење во одредени периоди во сабота и недела.

Визинг испрати писмо до парламентот и изјави дека драстични мерки се неизбежни доколку законот за климата не се исполни барем за викендите.

Емисиите на штетни гасови во Германија се намалени во текот на минатата година на најниско ниво во последните седум децении, но во сообраќајот се уште не се исполнети зацртаните цели, пишува Б92.

Според сегашниот закон, индустриите во Германија мора да ги намалат штетните емисии за 65 отсто помеѓу 1990 и 2030 година.

Затоа, Визинг сака да започне тест-акција со која ќе се осигура дека, доколку планираните реформи не бидат одобрени во парламентот до 15 јули, министерството ќе биде принудено да усвои мерки кои ја вклучуваат контроверзната забрана за возење за време на викендот.

Слични содржини