Земјите членки на ЕУ мора итно да испратат противракетни системи во Украина за да ја зајакнат украинската противвоздушна одбрана за да се одбранат од руските напади, изјави денеска високиот претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, на состанокот на шефовите на дипломатијата на Г7 во Капри, Италија.
Борел посочи дека Европа не може да се потпира само на американската помош за Украина, пренесе Ројтерс.
Тој изрази уверување дека европските земји ќе испратат помош за Украина, наведувајќи дека тоа мора да се направи итно.