Шолц со поддршка за СДСМ и Пендаровски: „Имам целосна доверба дека успешно ќе ја водат С.Македонија до ЕУ“

од Nikola Popovski
207 прегледи

Германскиот канцелар Олаф Шолц, во име на Социјалдемократската партија на Германија, упати порака во која искажа поддршка за СДСМ и претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, за претстојните избори и за натамошниот европски пат на Македонија кон полноправно членство во ЕУ.

„Изборот е во ваши раце“, кажа Шолц во видео пораката која беше прикажана денеска на почетокот на кампањата на СДСМ за парламентарните избори. Тој посочи дека европската иднина на Северна Македонија ќе се поддржи со давaњето на гласот за СДСМ.

Во пораката, Шолц поздравувајќи ги, како што вели „нашите пријатели во Северна Македонија“, нагласи дека оваа година има многу важни избори кои ќе ја обликуваат иднината на Европската унија.

„Ова е вистинскиот правец и имам целосна доверба дека тие успешно ќе ја водат Северна Македонија до целта и во ЕУ. Знаеме дека местото на Северна Македонија е во ЕУ. Тука вие припаѓате и Димитар Ковачевски, Стево Пендаровски и јас ја делиме истата цел. Сепак изборот да ја претворат оваа цел во реалност не зависи од нив. Вие, граѓаните на Северна Македонија, можете да ја донесе оваа одлука, без разлика на вашето етничко потекло или верско убедување. Затоа, поддржете ја европската иднина на С. Македонија давајќи го својот глас за СДСМ со Димитар Ковачевски како премиер и Стево Пендаровски како претседател“, рече меѓу другото германскиот канцелар.

Шолц во декември 2023 година ја замоли најголемата германска опозициска партија, ЦДУ да влијае врз ВМРО-ДПМНЕ за усвојување на уставните измени во Северна Македонија.

„Во Северна Македонија, владата и опозицијата имаат пред себе измена на Уставот. Сега мора да ги спроведат измените во интерес на сопствената земја. И ќе ви бидам благодарен Вам, драги колешки и колеги од ЦДУ/ЦСУ, доколку го искористите вашето влијание врз сестринската партија во Северна Македонија за да пружите конструктивна помош за решение“, рече тогаш Шолц од обраќањето во Бундестагот.

Слични содржини