Сезонски прилагодениот суфицит на тековната сметка на еврозоната се намали во февруари од 39 милијарди евра во јануари на 29 милијарди евра, објави денеска Европската централна банка (ЕЦБ).
Суфицитот на тековната сметка на еврозоната за годишниот период до февруари 2024 година изнесува 288 милијарди евра, што претставува два отсто од БДП на еврозоната, се наведува на веб-страницата на Европската централна банка.
Во истиот период пред една година, во еврозоната е забележан дефицит на тековната сметка во износ од 95 милијарди евра или 0,7 отсто од БДП на еврозоната.
Извештајот за состојбата на тековната сметка на еврозоната за март ќе биде објавен на 21 мај, а извештајот за првиот квартал од 2024 година на 4 јули.