Килијан Мбапе ја заврши мисијата во Пари Сен Жермен и прашање на време е кога ќе замине во Мадрид. Нема веќе дилеми.
„Килијан Мбапе е презадоволен од сите разговори што ги има со Реал. Се верува дека е само прашање на време кога сагата ќе заврши“, напиша Фабрицио Романо, новинар кој е најпознат за фудбалските трансфери.
Потоа продолжи да ја објаснува ситуацијата.
„Мбапе донесе одлука. Тоа е Реал Мадрид и нема дилеми. Никогаш немаше намера да преговара со други клубови од првиот ден. Неговиот целосен фокус е на Реал Мадрид“, напиша Романо.
Мбапе ќе замине во Реал кога ќе му истече договорот со ПСЖ.
„Марка“ претходно напиша дека Мбапе ќе потпише петгодишен договор со Реал. Мбапе ќе биде најплатен во тимот, но не драматично повеќе од останатите. Ќе заработува 20 милиони по сезона и голем дел од парите од маркетиншки права.
Тоа значи дека ќе заработува речиси четири пати помалку отколку во ПСЖ каде во последните две години земал 72 милиони по сезона. Сепак, се очекува преку маркетинг да собере огромна сума на пари, а според некои проценки тоа би можело да го направи најбогат човек на светот.
На крајот на краиштата, тој направи сличен потег како Мајкл Џордан неколку децении порано, а Мајк денес е милијардер.