Површината на глечерите во Камчатка е намалена за 35,6 отсто од 1950 година, соопшти Географскиот институт на Руската академија за новинската агенција Тас.
– Исто како и повеќето глечери на планетата, глечерите на Камчатка значително се намалија во последните децении. Во северниот дел на централното подрачје и на полуостровот Короночки, површината на глечерите е намалена за 35,6 проценти од 1950 година. Просечната стапка на намалување на глечерите во северниот дел на централното подрачје се зголемила четири пати во периодот од 2002 до 2016 година во споредба до периодот од 1950 до 2002 година, додека стапката на топење на глечерите на полуостровот Кронок остана непроменета во 21 век – соопшти Руската академија на науките.
Главните загуби на глечерите во овој регион се случија на надморска височина помеѓу 1.200 и 1.800 метри. На полуостровот Кронок, најголемото намалување на глечерите се случило на височини од 500 до 700 метри.
Дополнително, забележано е мало зголемување на температурата во лето за 0,3 степени на 10 години и намалување на врнежите во зима во просек за пет до десет степени на 10 години.