Портпаролот на Европската унија, Петер Стано, по повод 11-годишнината од Бриселскиот договор соопштил дека треба да се спроведат сите договори постигнати во рамките на дијалогот меѓу Србија и Косово, додавајќи дека нивното неспроведување носи сериозни последици за целото население од двете страни на границата.
Стано посочил дека прашањето за ЗСО е суштинско и итно за имплементација.
– Во историјата на дијалогот имаме голем број јубилеи. Неодамна ја одбележавме првата годишнина од Охридскиот договор, а во случајот со овој договор јасно ставивме до знаење дека е клучна имплементацијата, што важи и за другите договори. Тие мора да се спроведат. Прашањето за ЗСО е едно од суштинските и итните прашања, а ЕУ заедно со меѓународните партнери, бевме и остануваме јасни со Косово, дека мора да го спроведат затоа што ако тоа не го сторат ќе има последици, изјавил портпаролот на ЕУ.
Стано додал и дека напредокот во спроведувањето на овие договори е директно поврзан со напредокот на Белград и Приштина на патот кон членство во ЕУ.