Епизода во која зборуваме за мозокот и за тоа како да го одржуваме во кондиција. Според спец. д-р невролог Габриела Новотни работата на одржување на мозокот е нешто кое трае цел живот од детството до староста.
Разговараме на теми како:
✔️ Кои се научни поткрепени техники и навики кои го одржуваат мозокот здрав?
✔️ Кои навики на луѓето од т.н. Сини Зони каде живеат најдолговечните жители можеме да ги примениме за да го одржуваме нашето ментално здравје?
✔️ Што значи SHIELD акронимот кој научниците се сложни дека помага во превенција на деменцијата на подоцнежна возраст?
✔️ Дали е подобро да си правиме burn out или да не работиме? Кога се јавува оваа појава?
✔️ Како државите можат да инвестираат во здравјето на мозокот на граѓаните?
Здравјето, а особено она на мозокот е предуслов за напредок и развој.