Пронајдено лицето што провалило во пратеничката канцеларија на Лефков

од Nikola Popovski
167 прегледи

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев попладнево соопшти дека е расчистен случајот со провалувањето во канцеларијата на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

-Во врска со случајот на разбиената пратеничка канцеларија на пратеникот Миле Лефков, би сакал да ја информирам јавноста дека МВР го расчисти случајот – сторителот е пронајден, порача Бојмацалиев на социјалните мрежи.

Претходно Лефков се пожали дека е разбиена неговата пратеничка, на ден пред гласањето. Тој оддржа кратка прес-конференција пред ОВР Кочани, веднаш по пресот на Бојмацалиев. Според пратеникот, канцеларијата била „провалнички разбиена“.

-Дали инсистирањето на техничката Влада и на Бојмацалиев да нема никакви кадрови поместувања во Кочани беше токму со оваа цел, односно за да се шири страв и несигурност. Овие методи не ви поминуваат повеќе! Македонија повторно твоја, порача Лефков за инцидентот во Кочани.

Пратеникот се наоѓа на 7-мото место меѓу кандидатите за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Изборна единица 3.

Слични содржини