Ахмети до Мицкоски: Со мене не може да излезе на крај, јас како него досега деветмина политичари сум пензионирал

од Симе Стоиков
344 прегледи

Не стивнуваат реакциите на релација помеѓу лидерите на ДУИ и ВМРО ДПМНЕ, односно помеѓу Али Ахмети и Христијан Мицкоски.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски направил грешка, и затоа му кажал дека е млад и треба внимателно да ги слуша неговите изјави затоа што не го провоцира.

-Тој не требаше да ја започне оваа битка бидејќи со мене не може да излезе на крај, јас не сум го провоцирал туку сум кажал една вистина дека тој се уште нема ниту еден ден на чело на државата. Тој е седум години опозиција и тој не знае како се раководи државата, тој не знае како се градат институциите, ние сме држава и сносиме одговорност за раководење на државата, сносиме одговорност за да нема меѓуетнички разлики, сносиме одговорност да не повикуваме за да гласаат или да не гласаат против овој или оној.

Народот е тој што одлучува и воопшто не е навреда за г. Христијан Мицковски туку е совет од еден човек кој има 22 годишно искуство во политичкиот организацискиот живот и водење на државата“, вели Ахмети.

Запрашан за денешната реакција на Мицкоски, кој рече дека Ахмети е блиску до политичка пензија, лидерот на ДУИ рече дека Мицкоски не одлучува кој е за пензија, туку граѓаните.

„За пензија не одлучува Христијан туку граѓаните. Ние сме во трка, трката ќе утврди кој каде. Да го потсетам Христијан Мицкоски дека јас како него досега деветмина политичари сум пензионирал…… Добро е да не брза со овие проценки…“, вели Ахмети.

Слични содржини