Нападната американска воена база во Ирак

од Vladimir Zorba
568 прегледи

Вчера беше нападната американската воена воздухопловна база Ал Асад во западниот дел на Ирак, а во нападот не беше направена никаква штета и никој не беше повреден, изјави неименуван американски функционер за „Тајмс оф Израел“.

„Ова беше втор напад врз американските сили од 4 февруари“, додаде американскиот официјален претставник, мислејќи на нападот во неделата кога беа истрелани пет ракети врз истата база од пограничниот град Зума.

Во тоа време, САД објавија дека сојузнички борбен авион уништил ракетен фрлач во Сирија, додавајќи дека ниту еден член американски воен персонал не бил повреден.

Слични содржини