Државната изборна комисија (ДИК) го објави новиот пресек на излезност на гласачите која се однесува до 11 часот
Обработката на 3 илјади 418 избирачки места покажува дека гласале вкупно 229 илјади 473 лица со право на глас, односно тоа е 12,78 одсто.
Најголема излезност во првиот круг од претседателските избори до 11 часот е кај граѓаните со право на глас во Демир Капија каде гласале 23,99 отсто граѓани.
Најмал процент на гласачи до 11 часот излегле во Куманово и тоа 4,22 отсто од запишаните избирачи во оваа општина.
До 11 часот во ДИК се пристигнати 73 приговори за правото на глас. Од нив, 7 се прифатени, што значи дека тие лица ќе може да гласаат, 4 се отфрлени а 3 се оценети како неуредни.
Наредната прес конференција во ДИК ќе биде во 13 и 30, кога ќе биде соопштен одѕивот до 13 часот и текот на дотогашното гласање.