Излезност до 13 часот – ДИК ги објави бројките

од Симе Стоиков
295 прегледи

Претседателот на ДИК Александар Даштевски го објави новиот пресек за излезеност на гласачите до 13 часот.

Овие проценти и бројки, според податоците на ДИК, се врз основа на обработени 3 416 избирачки места од вкупно 3 508 во општините на територијата на целата држава.

Одѕивот на гласачите до 13 часот е 26,35 одсто. Најголем излезност има во општина Новаци – 42,87 одсто, а најмал во Врапчиште – 10,18 одсто.

До 13 часот во ДИК се пристигнати 140 приговори за правото на гласање. Од нив, 16 се прифатени, што значи дека тие лица ќе може да гласаат, 9 се одбиениотфрлени, 8 се оттфрлени како неуредни, а другите се во обработка.

Слични содржини