Макрадули: Претседателските избори паднаа во сенка, се зборува за партиска реторика и програми, а не за избор меѓу кандидатите

од Nikola Popovski
175 прегледи

„За жал на изборите се гледа партиски. Претседателските избори паднаа во сенка, ради концептот да се во исто време. Се зборува за партитска реторика и програми и не дојде до избор помеѓу кандидатите за претседател“ рече Јани Макрадули од СДСМ на Телма.

Тој додаде дека тоа има дополнителна рефлексија врз резултатите, но додаде дека Пендаровски и Силјановска-Давкова во вториот круг почнуваат од 0.

„Добро е и убаво што изборниот ден помина мирно. Колку што знам, сите партии го оцененија како коректен изборниот ден. Тоа ја покажува зрелоста на граѓаните и треба да се честита“ рече Макрадули.

Слични содржини