Фудбалерот од средниот ред на Челси, Енцо Фернандеш нема да игра за сините до крајот на сезоната, бидејќи наскоро ќе мора да оди на операција на препоните, пишува аргентинскиот весник „Оле“. Ќе му требаат неколку недели да се опорави.
Поранешниот играч на Ривер и член на Бенфика една сезона, извесно време се жалеше на болки, но сепак играше. Постоеше опција лекувањето да се одложи за лето, но по консултација со лекарите на Челси и аргентинската репрезентација, одлучено е веднаш да се дејствува. Идејата е Фернандеш да има доволно време целосно да се опорави за претстојната Копа Америка која започнува на 20 јуни.
Светскиот шампион пристигна на „Стемфорд Бриџ“ од Лисабон во јануари 2023 година во договор вреден 121 милион евра. Неговите настапи оваа сезона, сепак, се во склад со перформансите на повеќето играчи на Челси – неубедливи и нестабилни.
Енцо оваа сезона одигра 40 од 45 натпревари на лондонскиот клуб.