Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, само една земја е полоша

од Nikola Popovski
329 прегледи

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ денес присуствувал на свечената седница на Градскиот совет на градот Златар по повод Денот на градот. Темата на разговор со новинарите била, пред се, формирањето на новата влада во Хрватска. Преговорите се уште траат, а тој беше тргнат настрана по предупредувањето на Уставниот суд, но и изјавата од самата СДП дека всушност нема да биде нивни мандатар.

Милановиќ истакна дека времињата се менуваат, пренесува „Index.hr“.

„Светот се менува, Европа се менува, крајот се менува. Она што не се менува е што луѓето сакаат да живеат добро и квалитетно“, рекол Милановиќ и додал: „Од кал не се прави штрудла, но од штрудла се прави кал. Така Златар беше на дното, но во 2013 година со Мајдак почна опоравувањето“.

Тој се осврнал и на управувањето и раководењето со државата.

„Хрватска не е ни просечна во тој поглед, таа е на дното на Европската унија, кога ќе се погледнат поранешните социјалистички земји. Бугарија е единствено полоша и секој ден се молиме да остане така, за да кажеме дека сме претпоследни. Не можеме да се задоволиме со тоа, мораме да бидеме во средината, да бидеме најдобри во конкуренција на Унгарија, Чешка, Романија, Бугарија… Како Словенија. Затоа ни е потребна децентрализација“, рекол Милановиќ.

Слични содржини