Чест ми е што денеска сум овде на овој посебен ден за вас, припадниците на новата генерација полициски службеници. Ме радува и ви честитам што како млади луѓе сте донеле одлука да се ставите во служба на граѓаните и државата, да бидете на првата линија на нивната безбедност, што е благородна и во исто време многу одговорна должност, изјави претседателот на Владата, Талат Џафери кој денеска во Центарот за обука на МВР, присуствуваше и се обрати на Свечената промоција на новите полициски службеници.
Според него, знаењата и вештините што сте ги стекнале изминатава година преку интензивна обука, верува дека како идни полициски службеници ќе ги применуваат доследно во организациските единици каде што ќе бидете распоредени.
-За професионалниот полицаец, нема помалку или повеќе важна задача. Сите граѓани се еднакво исти пред законот и имаат еднакво исто право на безбедност. Како идни полициски службеници, очекувам преку сопственото поведение и труд да покажете дека, полицијата како институција е професионална, и успешно ги остварува своите законски надлежности и задачи, рече меѓу другото Џафери пред присутните.