Легендарниот „Мистер Бин“ на мета на британскиот парламент

од Nikola Popovski
247 прегледи

Името на Роуан Аткинсон беше споменето во Домот на лордовите, горниот дом на дводомниот парламент на Британија, за неговото наводно влијание врз продажбата на електрични автомобили во Обединетото кралство.

Британскиот актер и комичар Роуан Аткинсон е најпознат по улогата на Мистер Бин, со која ја освои публиката ширум светот.

Аткинсон во јануари годинава наполни 69 години, а деновиве неговото име не се споменува во контекст на успешната кариера, туку изјави кои ја разбрануваа јавноста.

Имено, Аткинсон објави колумна во „Гардијан“ за електричните возила во кој, меѓу другото, таквите автомобили ги нарече измама и ја критикуваше употребата на литиумските батерии, повикувајќи ги луѓето да продолжат да го возат автомобилот што го имаат што е можно подолго, со што суптилно велејќи им да не купуваат возила на струја.

Поради тоа неговото име се спомна во Домот на лордовите, горниот дом на британскиот дводомен парламент, кога организацијата „Зелена алијанса“ го обвини за бавна продажба на електрични автомобили во Велика Британија, за што известуваа и светските медиуми.

Слични содржини