Филипче од Неготино: Ако сега се откажеме од борба, тоа е уништување на иднината на многу генерации

од Симе Стоиков
329 прегледи

„Имаме обврска ради генерациите кои доаѓаат да ја чуваме жарта за општествени промени да тлее. По сите жртви што ги направивме како прогресивна и државотворна партија не е дозволиво да потклекнеме пред старите режмиски политики. Ако сега се откажеме од борба, тоа е уништување на иднината на многу генерации“ рече носителот на листата во ИЕ4 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Венко Филипче на митингот во Неготино.

Тој додаде дека борбата е тешка, но должност е повторно да се избориме и СДСМ да одработи за подобар изборен резултат.

„Свесни сме дека кај народот има разочараност, граѓаните се уморни чекајќи го клучот за Европа. Дадовме многу, а се бара уште, но СДСМ секогаш гледа подалеку од дневнополитичките интереси“ рече Филипче.

Тој додаде дека СДСМ е единствената партија која и покрај сите грешки, секогаш како водилка го има интересот и развојот на државата и токму затоа СДСМ е потребен на граѓаните.

Слични содржини