315
Албанскиот пемиер Еди Рама денеска за прв пат по 13 години беше во Општина Тирана. Оваа негова посета се случува по повод доделувањето на титулата „Почесен граѓанин“ на Али Ахмети, шефот на ДУИ во Северна Македонија.
„На предлог на градоначалникот Ерион Велиај, Градскиот совет на Тирана едногласно одлучи да му додели титула „Почесен граѓанин“ на Али Ахмети, во знак на благодарност за целиот негов придонес за албанската заедница во Северна Македонија“, се наведува во соопштението .
Претходно Ахмети беше прогласен за почесен граѓанин во Призрен.