Apple најави купување на сопствени акции за 110 милијарди долари, најголемо во историјата на компанијата

од Vladimir Zorba
191 прегледи

Американската технолошка корпорација Apple објави откуп на сопствени акции за рекордни 110 милијарди долари, откако најновите финансиски резултати за тримесечниот период од јануари до март покажаа забавување на продажбата.

Во првите три месеци од 2024 година, кои го претставуваат вториот фискален квартал на компанијата, Apple забележа приход од 90,75 милијарди долари, што е за четири отсто помалку од истиот квартал минатата година, пренесува CNN.

Кварталниот профит на Apple е 23,64 милијарди долари или 1,53 долари по акција, што е за два отсто помалку од истиот квартал во 2023 година.

Слични содржини