ВЛЕН бара албанските химна, грб и знаме да се користат во училиштата и институциите еднакво како македонските

од Vladimir Zorba
435 прегледи

Коалицијата ВЛЕН во својата програма за парламентарните избори бара албанската химна, грб и знаме во училиштата и институциите да уживаат еднакво законско право „со она на Македонците“.

Дополнително, тие се залгаат и за измени на Законот за празници за да ја одразува еднаквоста, односно целосно да бидат признаени и албанските национални празници.

Тие исто така сакаат и нов Устав, во кој земјата ќе биде дефинирана како еднаква држава на двете мнозински заедници, но со гарантирани целосни права и на другите малцински заедници – Турците, Власите, Србите, Робиме, Бошњаците, Бугарите, Хрватите, Црногорците, Словенците, Евреите и Египќаните.

 

Слични содржини