204
Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево и Полициската станица Кичево синоќа во 21.40 часот ги лишиле од слобода Б.Д.(32) и А.Д.(25), двајцата кичевци.
Како што соопшти МВР, при претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и грутчеста материја.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, наведуваат од МВР.