Наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите доделена на палестинските новинари

од Илинка Илиоска
203 прегледи

Светската награда за слобода на печатот на УНЕСКО/Гилермо Кано за 2024 година им беше доделена на палестинските новинари синоќа во Чиле.

„Во овие времиња на темнина и безнадежност, сакаме да споделиме силна порака за солидарност и признание до оние палестински новинари кои ја следат оваа криза под такви драматични околности“, рече претседателот на жирито Маурицио Вајбел.

„Како човештво, имаме голем долг кон нивната храброст и посветеност на слободата на изразување“.

Генералната директорка на УНЕСКО, Одри Азулај рече дека со наградата се оддава чест за храброста на новинарите во тешки и опасни околности.

„Уште еднаш оваа година, наградата не потсетува на важноста на колективната акција за да се осигура дека новинарите ширум светот можат да продолжат да ја вршат својата основна работа за известување и истражување“, изјави Азулај.

Според Комитетот за заштита на новинарите со седиште во Њујорк, најмалку 97 новинари и медиумски работници се меѓу повеќе од 35.000 убиени од почетокот на војната на 7 октомври.

Од 1 Мај досега се пријавени уште 16 повредени, четворица се водат за исчезнати, 25 се уапсени, соопшти Комитетот за заштита на новинари.

Слични содржини