Стевановиќ: Демократизацијата на земјата и освоените слободи ни носат јасна европска перспектива, социјалдемократите ја движат земјата напред

од Илинка Илиоска
218 прегледи

„Реформите ни носат системски промени и европски фондови. Демократизацијата на земјата и освоените слободи ни носат јасна европска перспектива. СДСМ, Ковачевски, Пендаровски, Маричиќ и другарите социјадемократи се оние кои со знаење и капацитет можат да ја придвижат земјата напред,“ вели д-р Милена Стевановиќ, кандидатка за пратеничка во Изборната единица 1, во заедничкото видео обраќање со Бојан Маричиќ исто така кандидат за пратеник од ИЕ 1.

Во продолжение на видеото, Бојан Маричиќ посочува дека, СДСМ е докажана како партија која со „храброст и ги пробиваше границите за еднакви можности за жените затоа што тоа е нашата заложба како европска и демократска вредност.“ Тој ја посочува Милена Стевановиќ како претставник на прогресивното женско движење.

„Со неа ќе имаме само напредок на полето на јавното здравје, на полето на женското здравје и машкото здравје,“ вели Маричиќ.

Стевановиќ посочува дека на Македонија и требаат луѓе како Бојан. Кој има исклучително познавање на институциите на ЕУ, и чиста и прогресивна мисла. Понатаму Стевановиќ вели дека луѓето како Бојан се вистински современи патриоти кои додека ја внесуваат земјата во ЕУ го штитат и промовираат македонскиот идентитет.

„На Собранието и треба Милена Стевановиќ, врвен професионалец кој го предводеше целиот тим на Инфективната криза за време на пандемијата од Ковид и која во исто време се докажа како храбар и непоколеблив борец за постојано унапредување на правата на жените.,“ посочува Маричиќ.

Стевановиќ ги повикува граѓаните да излезат во среда на гласање.

„Сите македонски демократи, сите кои сте за подобра и современа, за демократска Македонија – Заокружете Број 1 за европска Македонија,“ порачува Стевановиќ.
Маричиќ пак ги повикува сите другарки, жени, девојки, демократи и демократки, и им порачува дека нивниот глас е важен.

„Вашиот глас за СДСМ и за Милена Стевановиќ на овие избори е глас за жените како еднаква силна движечка сила на општеството.“

Слични содржини