Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ги повика авторите на нацрт-резолуцијата за Сребреница да го повлечат тој документ, кој, како што нагласи, не може да доведе до национално помирување во Босна и Херцеговина.
Захарова на брифингот со новинарите потсети дека раководството на РС ги испратило своите ставови до генералниот секретар и претседателот на Генералното собрание на ОН и земјите-членки на ОН со апел да се спречи усвојувањето на резолуцијата.
„Понатаму, неодамна, Собранието на Република Српска поднесе барање за одземање на овластувањата на (амбасадорот на БиХ во ОН Златко) Лагумџија. Ги повикуваме авторите на нацрт-резолуцијата да го повлечат својот документ“, нагласи таа, според веб-страницата на руското Министерство за надворешни работи.