Претседателот на Левица Димитар Апасиев соопшти дека на социјалната мрежа Икс се појавила фотомонтажа од мејл за кој се тврди дека тој го испратил, што не е вистина. Во мејлот кој како што наведува Апасиев е фотомонтажа, некој лажно, во негово име бара од членовите на Левица да ги бојкотираат изборите во среда. Апасиев за ова го обвини претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Демантот ви го доставуваме во целост:
Д Е М А Н Т
Еве ви ги ГНИДИТЕ ВМРОИДНИ на дело!
На најголемиот христијански празник Велигден, ботовите на ДПМНЕ, по лична директива на Христијан Мицковски, пуштаат дип-фејк ФОТОМОНТАЖА на лажна вест!!!
Најостро демантирам дека постои ваков мејл!
Дали сега сфаќате зошто ја немаат нашата јавна поддршка овие гнасни политички кариеристи и бизнисмени.
p.s. Резултатите од вашата пизма кон Левица ќе си ги видите во среда. Мир во вас, “браќа и сестри”!