196
„Гротескно е како Србија му го поставува црвениот тепих на кинескиот претседател Си Џинпинг. Ова чисто ПР шоу ја препознава реалноста и ја нарушува заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, на која Србија и формално се обврза“, вели во изјавата Томас Хакер, известувач за Западен Балкан во Бундестагот.
Тој смета дека Србија со овој ревијален дочек повторно ја влече ЕУ за нос.
„ЕУ е најважниот трговски партнер за Србија и за целиот Западен Балкан. Патувањето на Си Џинпинг во Европа служи за слабеење на Европа. Се чини дека Србија и Унгарија ја играат оваа игра“, вели Хакер.
Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска и утре ќе го посети Белград.