Жозе Мурињо по втор пат во кариерата сака да го води Манчестер Јунајтед. Португалецот доби отказ во декември 2018 година, но отсекогаш изразувал мислење дека не му била дадена доволно шанса на „Олд Трафорд“.
Според Семјуел Лукхерст од „Манчестер Ивнинг Њуз“, Специјалниот им кажал на своите доверливи луѓе дека би сакал повторно да ги преземе „црвените ѓаволи“. Неговиот адут е фактот што е личен пријател со новиот косопственик на клубот Сер Џим Ретклиф.
Сепак, Лукхерст е сигурен дека нема шанси Мурињо да биде поканет назад.
Мурињо го замени Луис ван Гал во Јунајтед во мај 2016 година и ја освои Лигата на Европа и Лига купот во неговата прва сезона во клубот. Во втората кампања, тимот се искачи на второто место во Премиер лигата и стигна до финалето на ФА Купот.
Во летото 2018 година, Мурињо не ја доби поддршката што ја посакуваше за време на летниот преоден рок. Потоа следуваше неговото гореспоменато отпуштање по поразот од Ливерпул кој ги остави „црвените ѓаволи“ 19 бода зад лидерите.