Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска го оствари своето гласачко право во родното Форино и гласаше на вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори.
Премиерот Џафери, во изјава за медиумите посака мирен и фер изборен ден, во кој граѓаните ќе можат со својот глас да одлучат кој ќе ги носи одлуките што се суштествени за земјата и кои се за остварување на нашите стратегиски цели.
„Очекувам изборите да бидат слободни и демократски. Граѓаните можат слободно да ја изразат својата волја, впрочем, тоа го покажаа и на 24 април.
Очекувам денот да заврши исто како и на 24 април, односно мирно, со можност секој граѓанин да го искористи своето уставно право и да го направи изборот за кој што мисли дека е најдобар за него и за државата“, изјави претседателот на Владата, Џафери.