Мемов: Граѓаните го избраа својот нов претседател

од Nikola Popovski
346 прегледи

Портпаролот на движењето ЗНАМ Никола Мемов вечерва на прес-конференција порача оти граѓаните покажале дека се државотворни и со обезбедувањето на потребниот цензус за избор на претседател, не дозволија државата да се соочи со институционална криза.

-Со оглед на тоа што процентот на излезност е повеќе од 40 проценти, извесно е дека граѓаните го избраа својот нов претседател. Движењето ЗНАМ го честита изборот на претседател на државата, рече Мемов.

Тој упати благодарност до сите граѓани на државата кои денеска излегоа на изборите и својот глас го дадоа за ЗНАМ. Потенцираше дека се задоволни што успеале во текот на кампањата да ги презентираат сите мерки од нивната изборна програма.

-Задоволни сме што во текот на кампањата за парламентарните избори успеавме на јавноста да и ги презентираме сите мерки од изборната програма Проглас за достоинствена Македонија, ги промовиравме нашите кандидати за пратеници, но и нашиот тим експерти од сите области на општественото живеење, додаде Мемов.

На новинарско прашање дали имаат резултати колку пратенички места ќе добијат, Мемов одговори дека нивниот аналитички центар во моментов ги пребројува гласовите, ги анализира и во текот на вечерта ќе го имаат точниот број.

Слични содржини