Голум се враќа: Ворнер Брос најавува нова одисеја во светот на Толкин за 2026

од Илинка Илиоска
1,4K прегледи

Ворнер Брос ќе го објави првиот од новата серија филмови „Господарот на прстените“ во 2026 година, кој ќе се фокусира на ликот на Голум чиј лик во успешната трилогија го игра Енди Серкис.

Режисерот на оригиналната трилогија „Господар на прстените“, Питер Џексон и неговите партнери Френ Волш и Филипа Бојенс се продуценти на филмот и „ќе бидат вклучени на секој чекор“, изјави извршниот директор на Ворнер Брос, Давид Заслав за Дискавери.

Проектот моментално е во ран развој според сценариото на писателите Волш и Бојенс, заедно со Фиби Гитинс и Арти Папагеоргиу, и ќе „истражува приказни што допрва треба да се кажат“, рече Заслав.

Во соопштението за печатот од Варнер Броц. подоцна во четвртокот наутро, студиото откри дека работниот наслов на филмот е „Господар на прстените: Лов по Голум“ и дека ќе го режира Серкис во неговата икона насловна улога. Извршен продуцент на филмот ќе биде Кен Каминс, со Серкис и Џонатан Кевендиш, пишува Variety.

Ворнер Брос првпат објавија во февруари 2023 година дека тогаш новоназначените шефови на студиото Мајк Де Лука и Пем Абди посредувале за договор за снимање на „повеќе“ филмови засновани на саканите книги на Џ.Р.Р. Толкин.

 

Слични содржини