273
Руската армија ја презеде контролата врз населбите Борисовка, Огурцово, Плетенјовка, Пиља и Стрелечја во областа Харков, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
„Армиските единици од групата „Север“ ги ослободија населените места Борисовка, Огурцово, Плетенјовка, Пиља и Стрелечја во областа Харков како резултат на акциите“, соопшти Министерството, пренесе РИА Новости.
Дополнително, се додава дека руската единица поразила четири украински бригади.
„Загубите на непријателот во еден ден изнесуваат 170 војници, три оклопни борбени возила и четири други возила“, нагласуваат од руското Министерство за одбрана.