Генералштаб на Украина: Руските сили ги напаѓаат речиси сите сектори на фронтот

од Vladimir Zorba
240 прегледи

Руските сили претходниот ден ги нападнаа речиси сите сектори на фронтот, при што се забележани 155 судири, соопшти утрово Генералштабот на вооружените сили на Украина.

На правецот Харков, руските сили со поддршка на авијацијата извршија 12 напади во областа Стрелечја, Красноје, Мороховец, Олејниково, Лукјанци, Гатише, Плетенјовка, Пиљна, Волчанск и Бугруватка, пренесува Униан.

Киев претходно објави дека руските сили во петокот наутро се обиделе да ја пробијат одбранбената линија на украинската армија во областа Харков и дека во тој сектор на фронтот биле испратени резервни единици за зајакнување на одбраната.

Слични содржини