Полициски службеници од СВР Скопје синоќа во 23.50 часот го лишиле од слобода Д.Д.(24) од Скопје поради тоа што бил баран со потерница по судска наредба за доиздржување на казна затвор за сторени кривични дела по чл.236 од КЗ на РСМ, а при извршен преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Од МВР денеска соопштија дека околу 23.30 часот на подрачјето на Драчево полициски службеници го забележале Д.Д. во патничко возило „алфа ромео“ во кое имало уште две лица.
– Тој на даден знак не застанал туку продолжил и кога стигнал во населбата Горно Лисиче, удрил со возилото во бандера. Во возилото биле затекнати и приведени А.А.(23) и уште една 17 годишна малолетничка, која е предадена на родител. Д.Д. ќе биде предаден на надлежната казнено поправна установа, а ќе бидат поднесени и соодветни поднесоци, се појаснува во соопштението од МВР.