Тен Хаг: Не жалам што го презедов Манчестер Јунајтед

од Vladimir Zorba
674 прегледи

Менаџерот на Манчестер Јунајтед – Ерик Тен Хаг, беше категоричен дека не жали што ја прифатил понудата да ги преземе „црвените ѓаволи“.

Холанѓанецот дојде на „Олд Трафорд“ со големи надежи, што, сепак, не се оствари и тимот продолжува да биде во незавидна позиција во Премиер лигата. Јунајтед го зазема осмото место во провизорниот поредок, а денеска се соочува со еден од лидерите во првенството – Арсенал.

„Не жалам што сум овде ниту за секунда. Манчестер Јунајтед е огромен клуб. Никогаш не знаете за предизвиците додека не се соочите со нив. Сепак, го сакав овој предизвик и ни секунда не се покајав за мојата одлука. Многу сум среќен овде“, додаде Тен Хаг.

Стручњакот претрпе сериозни критики за играта на „црвените ѓаволи“, а многу коментатори веруваат дека тој ќе биде ослободен од функцијата по завршувањето на сезоната.

Слични содржини