Ако сакате да доживеете 100 години, конзумирајте ги овие три намирници

од Milan1
557 прегледи

Во Беверли Хилс се одржа годишната конференција на Институтот Минкен. Сите сакале да знаат дали можеме да живееме до сто години. Тоа бил насловот на панелот што ја исполни салата до последното место. Учесниците разговарале за тоа како може да им се помогне на луѓето да живеат поздраво и подолго.

Истражувачот на Сините зони – деловите во светот со најголема концентрација на стогодишници, Ден Бутнер, се обратил пред присутните и рекол дека постојат три намирници кои се основата за долговечноста.

Гравот е богат со протеини и ја потиснува желбата за грицки

– Ако сакате да земете додаток во исхраната, јадете околу 80 зрна црн грав дневно, вели Бутнер.

Гравот е обилна и евтина храна богата со протеини која го исполнува желудникот. Луѓето кои живеат во многу светски жаришта за долговечност му даваат приоритет во речиси секој оброк.

Оревите се добри за здравјето

Ако не сакате грав, не мора да очајувате. Буетнер тврди дека луѓето кои јадат помеѓу 15 и 30 ореви дневно живеат околу три години подолго од луѓето кои не јадат ореви.

Оревите се омилени меѓу адвентистите од седмиот ден во Лома Линда, Калифорнија, луѓе кои живеат околу 10 години подолго од другите Американци.

Експертите велат дека јадењето јаткасти плодови е одлично за микробиомот бидејќи содржат многу влакна кои ја одржуваат работата. Оревите содржат и многу линолеинска киселина, омега-3 масна киселина која е добра за здравјето на срцето, а ја нема во изобилство во другите јаткасти плодови.

Маслиновото масло е исто така научно поткрепен додаток во исхраната
Не само што употребата на маслиново масло е поврзана со подобро здравје на срцето, туку постојат и докази дека може директно да го заштити здравјето на мозокот со намалување на воспалението и заштита на крвно-мозочната бариера. Новото, 30-годишно истражување на повеќе од 90.000 луѓе низ САД покажа дека дури и само малку маслиново масло дневно може да го намали ризикот од смрт кај луѓето со деменција за околу 28 отсто, дури и ако остатокот од нивната исхрана не е многу здрава.

Слични содржини