УКИМ рангиран на 1.990 место од 2.000 најдобри универзитети во светот, останатите ги нема на листата

од Milan1
222 прегледи

Државниот универзитет „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) е рангиран на 1.990 место на листата на 2.000 најдобри универзитети во светот за 2024 година од страна на Центарот за рангирање на светски универзитети (CWUR). УКИМ е на истата позиција од минатогодишното рангирање и сеуште е единствениот македонски универзитет кој се наоѓа на рангирањето на CWUR.

Петте најдобро рангирани универзитети во светот, според листата на CWUR, се универзитетите Харвард, МИТ, Стенфорд (од САД), Кембриџ и Оксфорд (Велика Британија).

Од земјите од соседството, Србија има четири високообразовни институции меѓу најдобрите светски универзитети. Од нив, најдобро рангиран е Белградскиот универзитет, кој се најде на 376 место, што е пад од 14 позиции во однос на лани а на листата се и универзитетите во Нови Сад, Крагуевац и Ниш.

Од Бугарија се рангирани два универзитета, додека пак Грција е на листата со 12 универзитети. Од Хрватска на рангирањето се најдоа 4 високообразовни институции. На листата и годинава немаше место за ниту еден универзитет од Албанија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Слични содржини