Училница или трло: Француско училиште ги пречекува новите ученици

од Илинка Илиоска
346 прегледи

Родители во едно француско училиште, се одлучиле за несекојдневен чекор во борбата против затворањето на одделение поради недостаток на ученици . Тие поднеле пријави за упис на четири овци. Овој креативен протест, кој го пренесоа локалните медиуми, предизвика интерес во јавноста и стана симбол на борбата за образование.

Според извори од локалниот весник Репубилен де Лорен, родителите се обиделе да го спасат одделението со оригиналниот потег на упис на овците, кои дури добиле и имиња инспирирани од нивниот живот. Пријавите биле доставени до соодветните институции, вклучувајќи го и француското министерство за образование.

Градските власти реагирале со уредба која го истакнува значењето на квалитетот на наставата и дозволуваат на овците да престојуваат во училишниот двор, што уште повеќе го засилува овој несекојдневен протест.

Слични содржини