„Катимерини“: Ако ВМРО-ДПМНЕ тргне по стапките на Силјановска, ќе ја преземе целосната одговорност за влошувањето на односите со Грција

од Nikola Popovski
378 прегледи

Од самиот почеток, знаците во Северна Македонија не ветуваат на добро, откако новоизбраната претседателка на балканската земја го започна својот мандат со непотребен удар врз Грција, што предизвика бранови во инаку мирните билатерални односи меѓу двата соседи, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

Според авторот на текстот, новинарот Ставрос Цимас, „седумдесетгодишната професорка по уставно право (Гордана Силјановска-Давкова) настојува да предизвика превирања односите со Атина, иако на Северна Македонија во моментов и се потребни пријатели и сојузници, како и соседи кои немаат претензии кон неа, за да продолжи да напредува на својот пат кон членство во Европската Унија, која што е крајната цел“.

-Одлуката на Гордана Силјановска-Давкова да ја именува својата земја Македонија на нејзината заклетва има смисла бидејќи го одразува нејзиното разбирање и предизборните ветувања. Она што нема смисла во нејзината одлука е тоа што таа повеќе не зборува како обичен граѓанин, ниту како кандидат кој се обраќа на предизборен митинг. Таа е претседателка и нејзината заклетва, која ја прекрши од првиот момент, мора да го заштити Уставот на државата, која официјално се нарекува Република Северна Македонија, пишува Цимас.

-Дали ова беше патриотско прикажување на академик кој, според сите проценки, не ја познава реалноста на политиката и геополитиката и кој стрелаше до највисоката позиција на бранот предизвикан од распадот на социјал-демократите (СДСМ)? Или беше наложена од нејзината партија, како што тврдеше во нејзината кампања, да се спротивстави на неизбежните реакции од Атина и евентуално од другите западни сојузници кои ја признаваат земјата како Северна Македонија?, реторички прашува грчкиот новинар.

-Дали е тоа така, ќе дознаеме многу брзо кога владата ќе положи заклетва и новоизбраниот премиер Христијан Мицкоски ќе ја даде својата прва изјава. Ако тргне по стапките на претседателката, новата влада во Скопје ќе ја преземе целосната одговорност за влошувањето на односите со Грција и секое влијание што тоа може да го има врз односите на земјата со НАТО, од каде рекоа дека Договорот од Преспа не може да се стави под знак на прашање, истакнал Цимас во текстот.

Според „Катимерини“, неизбежно биле излегувањето на грчката амбасадорка во Скопје, Софија Филипиду од собраниската сала при инаугурацијата.

-Се чини дека Силјановска решила да ризикува и да постапи според она што срцето и го кажува дека е правилно, наместо да се придржува на барањата на нејзината нова функција. Наскоро таа ќе треба да ги одобри уставните измени за признавање на бугарското малцинство во Северна Македонија – уште еден договор на кој се противат новата претседателка и нејзината партија, потсетил авторот на текстот.

-Без оглед на тоа што следува, знаците што ги испрати новата претседателка во Скопје не се оптимистички, а новата влада во земјава ќе мора да биде подготвена да се справи со последиците. Атина, пак, треба да се воздржи од импулсивно дејствување и да го разгорува националистичкиот жар на новото владеачко раководство во соседната земја, заклучил Цимас.

Слични содржини