197
Велосипед управуван од 21-годишна жена удрил во пешак на булеварот Партизански одреди. Со тешки телесни повреди се здобила велосипедистката.
„ На 14.05.2024 во 08.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, велосипед управуван од Т.З.(21) од Куманово удрил во пешакот С.Ш.(45) од с.Арачиново, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила велосипедистката, а пешакот е со полесни телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информираат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.